Оваа изјава за заштита на приватност се однесува на веб-локациите, услугите и производите на Microsoft што собираат податоци и ги прикажуваат овие услови, како и на исклучените (од линија) услуги за поддршка на производи. Таа не се однесува на локациите, услугите и производите на Microsoft, коишто не ја прикажуваат оваа изјава или немаат врска до истата, или коишто имаат свои сопствени изјави за заштита на приватност.
Прочитајте ги кратките содржини подолу, а за повеќе детали на одредена тема, кликнете на „Дознај повеќе“. Исто така, можете да ја прегледате и изјавата за заштита на приватност на даден производ, за што треба да го изберете саканиот производ од списокот со производи наведени погоре. Некои производи, услуги или карактеристики наведени во оваа изјава можеби не се достапни на сите пазари. Повеќе информации за посветеноста на Microsoft за заштита на вашата приватност, можете да најдете на http://www.microsoft.com/privacy.
Повеќето веб-локации на Microsoft користат „колачиња“, мали текст-датотеки коишто веб-серверот може да ги прочита, во домејнот којшто ги сместува колачињата на вашиот тврд диск. Колачињата може да ги користиме за складирање на вашите приоритети и поставки, за помош при пријавување, за обезбедување целни рекламни пораки и анализирање на активностите на дадена локација.
Исто така, користиме и веб-ознаки коишто помагаат во испорака на колачиња и вршење анализа. Ова може да вклучува веб-ознаки на трети страни, на коишто им е забрането собирање на ваши лични податоци.
Имате разни алатки за контрола на колачиња и слични технологии, вклучувајќи:
Како ги користиме колачињата
Повеќето веб-локации на Microsoft користат „колачиња“, мали датотеки со текст, коишто веб-серверот ги остава на вашиот тврд диск. Колачињата содржат текст што подоцна веб-серверот може да го прочита во домејнот којшто ви го издал колачето. Тој текст честопати се состои од низа броеви и букви којашто го препознава единствено вашиот компјутер, но исто така, може да содржи и други информации. Еве еден пример на текст складиран во колаче коешто Microsoft може да го постави на вашиот тврд диск при посета на некоја од нашите веб-локации: E3732CA7E319442F97EA48A170C99801
Колачињата можеме да ги користиме за:
Некои од колачињата коишто вообичаено ги користиме се наведени во следниов графикон. Списокот не е конечен, но неговата намера е да прикаже некои од причините зошто поставуваме колачиња. Ако посетите некој од нашите веб-сајтови, сајтот може да постави неколку или сите од овие колачиња:
Покрај тоа што Microsoft може да поставува колачиња кога посетувате наши веб-локации, трети страни можат исто така да поставуваат одредени колачиња на вашиот тврд диск, при посета на локации на Microsoft. Понекогаш тоа се случува затоа што ние сме ја ангажирале таа трета страна да обезбедува одредени услуги во наше име, како на пример анализа на локација. Друг пат, тоа се случува како резултат на рекламните пораки и содржини на трети страни коишто ги содржат нашите веб-страници, како на пример видео спотови, содржини за новости или рекламни пораки коишто ги испраќаат други мрежи за рекламирање. Бидејќи вашиот пребарувач се поврзува со веб-серверите на тие трети страни за да ја преземе содржината, тие можат да постават или да читаат свои сопствени колачиња на вашиот тврд диск.
Како да ги контролирате колачињата
На пример, во Internet Explorer 9, колачињата можете да ги блокирате со следните чекори:
Упатствата за блокирање на колачиња кај другите пребарувачи можете да ги најдете на http://www.allaboutcookies.org/manage-cookies/.
Ако изберете да ги блокирате колачињата, можеби нема да можете да се пријавите или да користите други интерактивни содржини на веб сајтовите и услугите на Microsoft коишто зависат од колачињата, и можеби нема да можат да се почитуваат некои приоритети за рекламни пораки коишто зависат од колачињата.
На пример, во Internet Explorer 9, колачињата можете да ги избришете со следните чекори:
Упатствата за бришење на колачиња кај другите пребарувачи можете да ги најдете на http://www.allaboutcookies.org/manage-cookies/.
Ако изберете да ги избришете колачињата, сите поставки и приоритети што ги контролираат овие колачиња, вклучувајќи ги и приоритетите за рекламни пораки, ќе бидат избришани и можеби ќе треба да се креираат повторно.
Контроли на пребарувач за „Не следи“ и Заштита од следење. Некои од поновите пребрувачи ја имаат вградено карактеристиката „Не следи“. Повеќето вакви карактеристики, кога се вклучени, испраќаат сигнал или приоритет до веб-локациите коишто ги посетувате и означуваат дека не сакате да бидете следени. Во зависност од практиките за заштита на приватност на веб сајтовите, тие сајтови (или содржините на третата страна на тие сајтови) може да продолжат со активности за коишто сметате дека претставуваат следење, иако сте го изразиле вашиот приоритет во врска со ова.
Internet Explorer 9 и 10 имаат карактеристика наречена заштита од следење, којашто помага при спречување на веб-сајтовите коишто ги посетувате да испраќаат автоматски детали за вашата посета до трети страни, даватели на содржини. Кога ќе додадете список за заштита од следење, Internet Explorer ќе ги блокира содржините на трети страни, вклучувајќи ги и колачињата, од кој било сајт наведен како сајт којашто треба да биде блокиран. Со ограничување на посетата до овие сајтови, Internet Explorer ќе ги ограничи информациите што сајтовите на овие трети страни можат да ги соберат за вас. Кога е овозможен Списокот за заштита од следење, Internet Explorer испраќа до веб-локациите што ги посетувате сигнал или приоритет Не следи. Дополнително, во Internet Explorer 10 можете да го вклучите или исклучите не следи независно, ако сакате. За повеќе информации за Списоци за заштита од следење и Не следи, видете ја локацијата Изјава за приватност на Internet Explorer или Помош за Internet Explorer.
Одредени претпријатија за рекламирање може исто така да нудат свои сопствени можности за откажување како и дополнителни избори за рекламирање. На пример, приоритетите за рекламирање и контрола на откажување на Microsoft се достапни на http://choice.live.com/advertisementchoice/. Имајте предвид дека откажувањето не значи дека ќе престанете да добивате рекламни пораки или дека ќе гледате помалку рекламни пораки. Сепак, ако се откажете, повеќе нема да добивате целни рекламни пораки, избрани според вашето однесување. Покрај тоа, откажувањето не значи прекин на информациите до нашите сервери, туку го прекинува нашето креирање или ажурирање на профили што можат да се користат за рекламни пораки избрани според вашето однесување.
Користење на веб-ознаки
Веб-страниците на Microsoft може да содржат електронски слики познати како веб-ознаки - понекогаш се нарекуваат и слики во gif формат од еден пиксел - коишто се користат како помош при испраќање на колачиња на нашите веб сајтови, овозможувајќи ни да ги преброиме корисниците коишто ги посетиле тие страници и да испорачуваме кобрендирани услуги. Веб-ознаките може да ги вклучиме во нашите промотивни пораки или билтени преку е-пошта за да дознаеме дали пораките се отворени и дали се проследени упатствата дадени во нив.
Исто така, може да соработуваме со други компании коишто рекламираат на локациите на Microsoft за да поставиме веб-ознаки на нивните локации или во нивните рекламни пораки, да ни овозможат развивање на статистика за тоа колку често кликнувањето на рекламните пораки на локациите на Microsoft завршува со нарачка или друга активност на локацијата на огласувачот.
На крај, локациите на Microsoft може исто така да содржат веб-ознаки на трети страни, за да ни помогнат во собирање збирни статистички податоци во врска со ефикасноста на нашите промотивни кампањи или други активности на веб-локацијата. Овие веб-ознаки може да им дозволат на третите страни да постават или читаат свое колаче на вашиот компјутер. Забрането е трети страни да користат веб-ознаки на наши локации со цел собирање на вашите лични податоци или пристап до нив. Сепак, вие можете да се откажете од собирање или користење податоци на трети страни коишто вршат анализи, со кликнување на врските за секој од следните даватели на анализи:
Други слични технологии
Покрај стандардните колачиња и веб-ознаки, веб-локациите може да користат и други технологии за складирање и читање датотеки со податоци на вашиот компјутер. Ова може да се прави со цел одржување на вашите приоритети или подобрување на брзината и изведбата преку локално складирање на одредени датотеки. Но, како и стандардните колачиња, тие исто така може да се користат за складирање на единствен број за идентификација на вашиот компјутер, којшто потоа може да се користи за следење на вашето однесување. Овие технологии вклучуваат објекти споделени на локално ниво (или „флеш колачиња“) и апликација за складирање на Silverlight.
Објекти споделени на локално ниво или „флеш колачиња“. Веб-локациите коишто користат технологии на Adobe Flash може да користат објекти споделени на локално ниво или флеш колачиња за складирање податоци на вашиот компјутер. Имајте предвид дека можноста за чистење на флеш колачињата може или не може да се контролира со поставките на вашиот пребарувач за стандардни колачиња, бидејќи тие може да се разликуваат од еден до друг пребарувач. За да управувате или да ги блокирате флеш колачињата, одете на http://www.macromedia.com/support/documentation/en/flashplayer/help/settings_manager.html.
Апликација за складирање на Silverlight. Веб-локациите или апликациите коишто ја користат технологијата на Microsoft Silverlight, можат да складираат податоци и со апликацијата за складирање на Silverlight. За да дознаете како да го управувате или да го блокирате ваквото складирање, посетете ја Silverlight.
Microsoft собира различни видови на податоци со цел ефикасно работење и да ви ги обезбедиме најдобрите производи, услуги и искуства што можеме.
Ние собираме податоци кога за првпат се регистрирате, се пријавувате и ги користите нашите локации и услуги. Ние исто така може да дојдеме до податоци од други претпријатија.
Ние ги собираме овие податоци на различни начини, вклучувајќи веб-формулари, технологии како што се колачиња, поврзување на веб-локации и софтвер на вашиот компјутер или на други уреди.
Microsoft собира различни видови на податоци со цел ефикасно работење и да ви ги обезбедиме најдобрите производи, услуги и искуства што можеме. Некои од овие податоци ни ги доставувате директно нам. До некои доаѓаме преку набљудување на вашата интеракција со нашите производи и услуги. Некои се достапни од други извори коишто може да ги комбинираме со податоците што директно ги собираме. Независно од изворот, ние сметаме дека е важно да бидеме внимателни со податоците и да ви помогнеме да ја зачувате вашата приватност.
Што собираме:
Како ги собираме:
Користиме бројни методи и техники за да дојдеме до податоци за тоа како ги користите нашите локации и услуги, како што се:
Microsoft ги користи податоците што ги собира со цел работење, подобрување и персонализирање на производите и услугите што ги нудиме.
Исто така, овие податоци ги користиме за да комуницираме со вас, на пример, да ве известуваме за вашата сметка и за ажурирања од безбедносни причини.
Податоците може да ги користиме со цел рекламните пораки што ги гледате на нашите услуги коишто поддржуваат рекламирање, да бидат порелевантни.
Microsoft ги користи податоците што ги собира со цел работење, подобрување и персонализирање на производите и услугите што ги нудиме. Податоците што ги собираме преку една услуга на Microsoft може да се комбинираат со податоците собрани од други услуги на Microsoft, а со цел да ви понудиме подоследни и лични искуства во вашата интеракција со нас. Може и да ги дополниме овие податоци со податоците стекнати од други претпријатија. На пример, може да користиме услуги на други претпријатија за да ни помогнат според вашата IP-адреса да дознаеме во кое географско подрачје се наоѓате, а со цел да прилагодиме одредени услуги на вашето подрачје.
Исто така, овие податоци ги користиме за да комуницираме со вас, на пример, да ве известиме дека ви истекува претплатата, да ви дадеме до знаење кога можете да извршите ажурирање од безбедносни причини или да ви дадеме до знаење кога треба да преземете некоја активност за да ја зачувате активна вашата сметка.
Многу од локациите и услугите на Microsoft се бесплатни, бидејќи содржат рекламни пораки. Со цел ваквите услуги да бидат нашироко достапни, податоците што ги собираме може да се искористат за унапредување на рекламните пораки што ги гледате со тоа што ќе ги направиме посоодветни на вашите интереси.
Освен како што е опишано во оваа изјава за заштита на приватност, ние нема да ги откриеме вашите лични податоци на трета страна без ваша согласност.
За детали кога може да откриеме податоци, видете Други важни информации за заштита на приватност, вклучувајќи подружници и продавачи на Microsoft; кога е тоа пропишано со закон или како одговор на законски постапки; за спречување измама или за заштита на нашите интереси; или за заштита на животи.
Кликнете овде за повеќе информации за споделување или откривање лични податоци:
Некои од услугите на Microsoft ви овозможуваат да ги прегледувате или да ги уредувате вашите лични податоци по електронски пат. Со цел да се спречи други лица да имаат увид во вашите лични податоци, од вас ќе биде побарано да се пријавите. Како ќе пристапувате кон вашите лични податоци, ќе зависи од локациите или услугите коишто сте ги користиле.
Microsoft.com - Можете да пристапите и да го ажурирате вашиот профил на microsoft.com ако ја посетите локацијата Центар за профил на Microsoft.com.
Услуги за наплата и сметка на Microsoft - Ако имате сметка за наплата на Microsoft, можете да ги ажурирате вашите податоци на веб-локацијата на Microsoft за наплата со кликнување на врските „Лични податоци“ или „Податоци за наплата“.
Microsoft Connect - Ако сте регистриран корисник на Microsoft Connect, можете да пристапите и да ги уредувате вашите лични податоци со кликнување на Управување со профил на Connect, на веб-локацијата Microsoft Connect.
Windows Live - Ако ги имате користено услугите на Windows Live, можете да ги ажурирате податоците за вашиот профил, да ја измените лозинката, да го видите единствениот број за идентификација поврзан со вашите акредитиви, или да затворите одредени сметки ако на Windows Live ја посетите посетите локацијата Услуги за сметка.
Јавен профил на Windows Live - Ако имате креирано јавен профил на Windows Live, можете да ги уредувате или да ги избришете податоците од вашиот јавен профил ако отидете на Профил на Windows Live.
Пребарување рекламни пораки - Ако купите пребарување рекламни пораки преку Microsoft Advertising, можете да ги прегледувате и да ги уредувате вашите лични податоци на веб-локацијата Центар за рекламирање на Microsoft.
Програма за партнери на Microsoft - Ако сте регистрирани на програмите за партнери на Microsoft, можете да го прегледувате и да го уредувате вашиот профил со кликнување на Управување со сметка, на веб-локацијата Програма за партнери.
Xbox - Ако сте корисник на Xbox LIVE или Xbox.com, можете да ги прегледувате или да ги уредувате вашите лични податоци, вклучувајќи ги и податоците за наплата и сметка, поставките за заштита на приватност, безбедност на мрежа и приоритети за споделување податоци со кликнување на Мој Xbox на конзолата Xbox 360 или на веб-локцијата Xbox.com. За податоци за сметка, изберете Мој Xbox, Сметки. За други поставки во врска со лични податоци, изберете Мој Xbox, потоа Профил, па Поставки за безбедност на интернет.
Zune - Ако имате сметка на Zune или претплата на Zune Pass, можете да ги прегледувате и да ги уредувате вашите лични податоци на Zune.net (пријавете се, пристапете на вашата ознака Zune и потоа кликнете Моја сметка) или пристапете преку софтверот Zune (пријавете се, пристапете на вашата ознака Zune и потоа изберете Профил на Zune.net).
Ако не можете да пристапите до личните податоци собрани од локациите или услугите на Microsoft преку врските наведени погоре, овие локации и услуги може да ви обезбедат други начини за пристап до вашите податоци. Можете да го контактирате Microsoft со нашиот веб-формулар. На барањата за пристап или бришење на вашите лични податоци ќе одговориме во рок од 30 дена.
Кога некоја локација или услуга на Microsoft собира податоци за возраст, локацијата ќе ги блокира корисниците помлади од 13 години или ќе обезбеди согласност од родител или старател пред да може нивното дете да ја користи истата.
Откако ќе се обезбеди дозвола, сметката на детето се третира како и секоја друга сметка, вклучувајќи и комуникација со други корисници.
Родителите можат да ја изменат или да ја отповикаат согласноста како што е опишано во оваа изјава за заштита на приватност.
Кога некоја локација или услуга на Microsoft собира податоци за возраст, локацијата или ќе ги блокира корисниците помлади од 13 години, или ќе побара од нив да обезбедат согласност од родител или старател пред да може тие да ја користат истата. Ненамерно, ќе побараме од децата помлади од 13 години да достават повеќе податоци отколку што е потребно за обезбедување на услугата.
Откако ќе се обезбеди дозвола, сметката на детето се третира како и секоја друга сметка. Детето ќе има пристап до услуги за комуникација како што се е-пошта, испраќање пораки во реално време и форуми на интернет и ќе може слободно да комуницира со други корисници од сите возрасти.
Родителите можат да ги изменат или отповикаат изборите на согласност коишто претходно ги направиле, и да ги прегледуваат, да ги уредуваат или да побарат бришење на личните податоци на нивните деца. На пример, на Windows Live, родителите можат да ја посетат нивната сметка и да кликнат на „Дозвола од родител“..
Повеќето рекламни пораки на интернет на локациите и услугите на Microsoft ги прикажува Microsoft Advertising. Кога ви прикажуваме рекламни пораки на интернет, ние ќе поставиме едно или повеќе колачиња со цел да го препознаеме вашиот компјутер кога ќе ви прикажеме некоја рекламна порака. Со тек на време, може да собираме информации од локациите на коишто поставуваме рекламни пораки и информациите да ги користиме да ни помогнат во обезбедување соодветни рекламни пораки.
Можете да се откажете од добивање целни рекламни пораки од Microsoft Advertising ако ја посетите нашата страница за откажување.
Многу од веб-локациите и услугите на интернет содржат рекламни пораки.
Повеќето рекламни пораки на интернет на локациите и услугите на Microsoft ги прикажува Microsoft Advertising. Кога ви прикажуваме рекламни пораки на интернет, ние ќе поставиме едно или повеќе трајни колачиња на вашиот компјутер, со цел да го препознаеме вашиот компјутер секогаш кога ќе ви прикажеме некоја рекламна порака. Бидејќи рекламните пораки се поставени како на нашите веб-локации, така и на веб-локациите на нашите партнери за рекламирање и публикување на рекламни пораки, ние можеме со тек на време да собереме информации за типовите на страници, содржините и рекламните пораки што вие и другите коишто го користат вашиот компјутер, ги посетувате или прегледувате. Овие информации се користат за многу цели. На пример, ни помагаат да се увериме дека нема цело време да ги гледате истите рекламни пораки. Исто така, овие информации ни помагаат при изборот и прикажувањето на целните рекламни пораки за коишто сметаме дека ќе ве интересираат.
Можете да се откажете од добивање целни рекламни пораки од Microsoft Advertising ако ја посетите нашата страница за откажување. За повеќе информации во врска со тоа како Microsoft Advertising ги собира и ги користи информациите, осврнете се на Електронска изјава за заштита на приватност на Microsoft Advertising.
Исто така, им дозволуваме на трети страни, претпријатија за рекламирање, вклучувајќи и други мрежи за рекламирање да прикажуваат рекламни пораки на нашите локации. Во некои случаи, овие трети страни можат исто така да поставуваат колачиња на вашиот компјутер. Овие претпријатија во моментот вклучуваат, но не се ограничени на: 24/7 Real Media, adblade, AdConion, AdFusion, Advertising.com, AppNexus, Bane Media, Brand.net, CasaleMedia, Collective Media, InMobi, Interclick, Jumptap, Millennial Media, Nugg.ad AG, Mobclix, Mojiva, SpecificMedia, Tribal Fusion, ValueClick, Where.com, Yahoo!, YuMe, Zumobi. Овие претпријатија може да ви понудат начин за откажување од целни рекламни пораки коишто се базираат на нивните колачиња. Повеќе информации можете да пронајдете ако кликнете на горенаведените имиња на претпријатијата и ги следите врските до веб-локациите на секое претпријатие. Повеќето од нив се исто така членки на Иницијативата за мрежно рекламирање (Network Advertising Initiative) или на Здружение за рекламирање во дигитална форма (Digital Advertising Alliance), коишто секогаш ви нудат едноставен начин на откажување од целните рекламни пораки на претпријатијата-членки.
Можете да ја прекинете испораката на промотивна е-пошта во иднина од локациите и услугите на Microsoft следејќи ги упатствата во е-поштата што ја добивате. Во зависност од соодветната услуга, може да имате и можност проактивно да изберете да добивате промотивна е-пошта, телефонски повици и пошта за одредени локации или услуги на Microsoft.
Ако добивате промотивна е-пошта од нас и сакате да престанете да ја добивате во иднина, следете ги упатствата дадени во таа порака.
Во зависност од соодветната услуга, може да имате и можност проактивно да изберете да добивате промотивна е-пошта, телефонски повици и пошта од одредени локации или услуги на Microsoft, доколку ги посетите и се пријавите на следниве страници:
Овие избори не се однесуваат на приказ на рекламни пораки на интернет: за повеќе информации во врска со ова, погледнете го делот „Приказ на рекламни пораки (откажување)“. Исто така, тие не се однесуваат на добивање задолжителни написи за услуги коишто претставуваат дел од одредени услуги на Microsoft, а коишто може да ги добивате повремено, освен ако не се откажете од услугата.
Кога користите услуга или содржина врз основа на локацијата, до Microsoft може да се испратат достапни податоци од антенски столбови за мобилна телефонија, Wi-Fi податоци и податоци од Системот за глобално позиционирање (GPS). Microsoft користи информации за локацијата за да ви ги обезбедиме услугите што ги барате, да го персонализираме вашето искуство и да се подобрат производи и услуги на Microsoft.
Одредени услуги може да ви дозволат да контролирате кога се испраќа информација за локацијата до Microsoft или истата се прави достапна на други лица. Во некои случаи, информациите за локацијата се суштински за услугата и може да бара деинсталирање на содржината или прекинување на услугата за да се прекине испраќањето информации за локацијата. За повеќе информации во врска со тоа како да го исклучите лоцирањето, погледнете ја документацијата за вашиот уред.
Податоците за поддршка се информациите што ги собираме при поднесување на барањето за поддршка или при извршување на автоматскиот помошник за решавање проблеми, вклучувајќи ги информациите за хардверот, софтверот и другите детали поврзани со случајот за поддршка како: информациите за контакт или автентикација, прилагодувањето на сесиите на разговор, информациите за состојбата на машината и апликацијата откако се случила грешката и за време на дијагностиката, податоците на системот и регистарот за инсталациите на софтверот и конфигурациите на хардверот и датотеките за следење грешки. Податоците за поддршка ги користиме како што е објаснето во Изјавата за заштита на личните податоци и дополнително за решавање на случаите за поддршка, како и за обучување.
Поддршката може да се даде преку телефон, е-пошта или онлајн разговор. Доколку дозволите, ќе користиме далечински пристап (RA) за да се движиме привремено на работната површина. Телефонските разговори, сесиите на онлајн разговор или сесиите на далечински пристап со професионалците за поддршка може да се снимаат и/или надгледуваат. И вие може да пристапите до снимката по сесијата со RA. Во секое време може да ја прекинете сесијата со онлајн разговор или RA.
По случајот за поддршка, ќе ви испратиме анкета за искуството и понуди. Согласноста за анкетите за поддршка мора да ја откажете одделно од другите типови комуникација што ги дава Microsoft со контактирање на Поддршката или преку подножјето од е-поштата.
За прегледување и уредување на личните информации собрани преку услугите за поддршка, контактирајте нѐ преку нашиот веб-формулар.
Деловните корисници може да купат понуди за подобрена поддршка (пр. Главна поддршка итн.). Понудите имаат свои услови за договор и известувања.
Податоци за плаќање се информациите што ги доставувате кога купувате на интернет. Ова може да го вклучува бројот на вашиот инструмент за плаќање (на пр., кредитна картичка, PayPal), вашето име и адреса за наплата и безбедносниот код поврзан со вашиот инструмент за плаќање на пр., CSV или CVV). Овој дел обезбедува дополнителни информации за собирањето и користењето на вашите информации за плаќање.
Податоците за плаќање се користат за да ја комплетираат вашата трансакција, како и за откривање и спречување на измама. Како поддршка на овие користења, Microsoft може да ги споделува вашите податоци за плаќање со банки и други ентитети коишто обработуваат трансакции за плаќање или други финансиски услуги и за спречување на измама и намалување на ризикот од неисполнување на обврските.
Кога доставувате податоци за плаќање додека сте пријавени со вашата сметка на Microsoft или организациска сметка, ние ќе ги складираме тие податоци со цел да ви помогнеме да комплетирате трансакции во иднина.
Можете да ги ажурирате или отстраните информациите за инструмент за плаќање кои се поврзани со вашата сметка на Microsoft со пријавување на https://commerce.microsoft.com. Можете да ги отстраните информациите за инструмент за плаќање кои се поврзани со вашата организациска сметка со контактирање на Поддршка за клиенти. По затворање на вашата сметка или отстранување на инструмент за плаќање, сепак, Microsoft може да ги задржи вашите подататоци за инструмент за плаќање доколку истото е релативно неопходно за да се комплетира ваша постоечка трансакција, за да бидеме во согласност со нашите законски барања и барањата за давање извештај и за откривање и спречување на измама.
Сметка на Microsoft (порано позната како Windows Live ID и Microsoft Passport) е услуга којашто ви овозможува да се пријавувате на производи, веб-локации и услуги на Microsoft, како и на оние на избрани партнери на Microsoft. Кога креирате сметка на Microsoft, од вас се бара да доставите одредени податоци. Кога се пријавувате на некоја локација или услуга со вашата сметка на Microsoft, ние собираме одредени информации со цел да го потврдиме вашиот идентитет во име на локацијата или услугата, да ве заштитиме од злоупотреба на сметката и да ја заштитиме ефикасноста и безбедноста на услугата сметка на Microsoft. Исто така, испраќаме одредени информации до локацијата или услугата на којашто сте се пријавиле со вашата сметка на Microsoft.
За дополнителни детали за сметка на Microsoft, вклучувајќи како да креирате и да користите сметка на Microsoft, како да уредувате податоци на сметка и како ние ги собираме и користиме информациите поврзани со сметка на Microsoft, кликнете на Дознај повеќе.
Сметка на Microsoft (порано позната како Windows Live ID и Microsoft Passport) е услуга којашто ви овозможува да се пријавувате на производи, веб-локации и услуги на Microsoft, како и на оние на избрани партнери на Microsoft. Ова вклучува производи, веб-локации и услуги како што се:
Креирање сметка на Microsoft.
Сметка на Microsoft можете да креирате овде со доставување адреса за е-пошта, лозинка и други „докази за сметка“, како што се алтернативна адреса за е-пошта, телефонски број и прашање и таен одговор. Вашите „докази за сметка“ ќе бидат користени само за безбедносни цели - на пример, за потврда на вашиот идентитет во случај да не можете да пристапите до вашата сметка на Microsoft и ви треба помош, или да ја ресетирате лозинката ако не можете да пристапите до адресата за е-пошта поврзана со вашата сметка на Microsoft. Некои услуги бараат дополнителни мерки на безбедност, и во такви случаи, може од вас да биде побарано да креирате дополнителен клуч за безбедност. Адресата за е-пошта и лозинката што ги користите за да се регистрирате за сметка на Microsoft, претставуваат ваши „акредитиви“ што ќе ги користите за да се идентификувате на нашата мрежа. Понатаму, на вашите акредитиви ќе им биде доделен единствен број за идентификација од 64 бита и тој се користи за нивна идентификација и идентификација на податоци поврзани со нив.
Кога креирате сметка на Microsoft, од вас ќе побараме да ги доставите и следниве демографски податоци: пол, земја, датум на раѓање и поштенски број. Датумот на раѓање може да се искористи за да се потврди дека децата добиваат соодветна согласност од родител или старател за користење сметка на Microsoft, во согласност со локалниот закон. Покрај тоа, нашите системи за рекламирање на интернет ги користат овие демографски податоци за да ви обезбедиме персонализирани рекламни пораки за производите и услугите коишто може да ве интересираат, но нашите системи за рекламирање никогаш не ги добиваат вашето име податоците за контакт. Со други зборови, нашите системи за рекламирање не содржат или користат податоци преку коишто може лично и директно да бидете идентификувани (како што се име и презиме, адреса за е-пошта и телефонски број). Ако не сакате да добивате персонализирани рекламни пораки, вашите приоритети во врска со вашата сметка на Microsoft може да ги регистрирате на оваа страница и кога ќе се пријавувате на веб-локации или услуги со сметката на Microsoft, нашите системи за рекламирање нема да ви прикажуваат персонализирани рекламни пораки. За повеќе информации во врска со тоа како Microsoft ги користи податоците за рекламни пораки, видете го делот Дополнување на Изјавата за заштита на приватност на Microsoft Advertising.
Кога се регистрирате за сметка на Microsoft, можете да користите адреса за е-пошта доставена од Microsoft (како што се оние што завршуваат на live.com, hotmail.com или msn.com) или адреса за е-пошта доставена од трета страна (како што се оние што завршуваат на gmail.com или yahoo.com).
Откако ќе креирате сметка на Microsoft, ќе ви испратиме е-пошта во којашто ќе побараме да потврдите дека сте вие сопственик на адресата за е-пошта поврзана со сметката на Microsoft. Ова е со цел да се потврди важноста на адресата за е-пошта и да помогне да се спречи користење на адреси за е-пошта без дозвола од нивните сопственици. Потоа, таа адреса за е-пошта ќе ја користиме да ви испраќаме написи поврзани со вашето користење на производи и услуги на Microsoft; исто така, може да ви испраќаме промотивна е-пошта за производи и услуги на Microsoft, во согласност со локалниот закон. За информации во врска со управување на прием на промотивна е-пошта, посетете ја локацијата Комуникации.
Ако се обидете да се регистрирате за сметка на Microsoft и откриете дека некое друго лице веќе има креирано актедитиви со вашата адреса за е-пошта како корисничко име, може да нè контактирате и да побарате другото лице да земе друго корисничко име, за да можете да ја користите вашата адреса за е-пошта при креирањето акредитиви.
Пријавување на софтвер, локации или услуги со вашата сметка на Microsoft.
Кога се пријавувате на некоја локација или услуга со вашата сметка на Microsoft, ние собираме одредени информации со цел да го потврдиме вашиот идентитет во име на локацијата или услугата, да ве заштитиме од злоупотреба на сметката и да ја заштитиме ефикасноста и безбедноста на услугата сметка на Microsoft. На пример, кога вие се пријавувате, услугата сметка на Microsoft ги прима и ги забележува вашите акредитиви и други податоци, како што се единствениот број за идентификација од 64 бита доделен на вашите акредитиви, вашата IP-адреса, верзијата на вашиот пребарувач на интернет и време и датум. Понатаму, ако користите сметка на Microsoft за да се пријавите на некој уред или софтвер инсталиран на уред, на уредот ќе му биде доделен единствен број за идентификација по случаен избор. Кога повторно ќе се пријавите на некоја локација или услуга со вашата сметка на Microsoft, овој единствен број за идентификација по случаен избор ќе биде испратен како дел од вашите акредитиви до услугата сметка на Microsoft. Услугата сметка на Microsoft ги испраќа следните податоци до локацијата или услугата на којашто се пријавувате: единствен број за идентификација којшто овозможува локацијата или услугата да утврди дали сте истата личност од една до друга сесија на пријавување; бројот на верзија доделен на вашата сметка (нов број се доделува при секоја промена на податоците за пријавување); дали вашата адресата за е-пошта е потврдена и дали вашата сметка е деактивирана.
Некои локации и услуги на трети страни коишто ви дозволуваат да се пријавувате со сметка на Microsoft ја бараат и вашата адреса за е-пошта, со цел да ве известуваат за нивните услуги. Во таков случај, кога се пријавувате, Microsoft ја доставува до локацијата или услугата вашата адреса за е-пошта, но не и вашата лозинка. Сепак, доколку имате креирано акредитиви на таа локација или услуга, истата може да има ограничен пристап до податоците поврзани со акредитивите поради ресетирање на лозинката или обезбедување други услуги на поддршка.
Ако сте ја добиле сметката од трета страна, на пример од училиште, работа или давател на услуги на интернет, или пак од администраторот на управуван домејн, таа трета страна може да има право на вашата сметка, вклучувајќи можност за ресетирање на вашата лозинка, прегледување на податоците за користење на сметката или на податоците во вашиот профил, читање или складирање на содржината на сметката и отстранување или откажување на сметката. Во вакви случаи, вас ве обврзуваат Договорот за услуги на Microsoft и сите дополнителни услови на користење на таа трета страна. Ако сте администратор на управуван домејн и на вашите корисници им имате обезбедено сметки на Microsoft, вие сте одговорен за сите активности што се случуваат во рамките на тие сметки.
Имајте предвид дека локациите и услугите коишто ви дозволуваат да се пријавите со сметка на Microsoft може да ја користат или да ја споделуваат вашата адреса за е-пошта или други лични податоци коишто ги доставувате, како што е опишано во нивните изјави за заштита на приватност. Како и да е, тие може да го споделуваат единствениот број за идентификација којшто им е доставен од услугата сметка на Microsoft со трети страни само со цел да се исполни некоја услуга или трансакција што вие сте ја побарале. Сите локации или услуги коишто ја користат сметката на Microsoft мора да имаат објавено изјава за заштита на приватност, но ние не ги контролираме или следиме практиките на заштита на приватност на тие локации и нивните практики на заштита на приватност може да се разликуваат. Внимателно разгледајте ја изјавата за заштита на приватност на секоја локација на којашто се пријавувате за да утврдите како секоја локација или услуга ги користи информациите коишто ги собира.
На вашите лични податоци можете да им пристапите преку сметка. Корисничкото име можете да го измените ако вашата сметка на Microsoft не припаѓа на управуван домејн. Лозинката, адресата за алтернативна е-пошта, телефонскиот број, прашањето и тајниот одговор можете да ги измените во секое време. Исто така, можете да ја затворите сметката на Microsoft со тоа што ќе отидете на сметка, а потоа ќе изберете „Затвори ја твојата сметка“. Ако вашата сметка е во управуван домејн, како што е опишано погоре, може да има посебна постапка за затворање на сметката. Имајте предвид дека ако не сте корисник на MSN или Windows Live и ако изберете сметка, може да бидете пренасочени на сметка за тие локации.
За повеќе информации за сметка на Microsoft, посетете ја веб-локацијата сметка на Microsoft.
Дознајте повеќе за
Подолу ќе најдете дополнителни информации за заштита на приватностa коишто можеби сметате (или можеби не сметате) дека се значајни. Во овој дел главно се опишани вообичаените практики за коишто сакаме да знаете, но сметаме дека не е неопходно да ги истакнуваме во секоја наша изјава за заштита на приватностa. Некои информации го содржат она што е очигледно (на пример, ќе откриеме информации доколку тоа се бара со закон), но нашите адвокати сепак бараат од нас да го кажеме тоа. Внимавајте, овие информации не претставуваат целокупен опис на нашите практики - ова е дополнување на другите поспецифични информации содржани во изјавите за заштита на приватноста за секој производ и услуга на Microsoft што го користите.
На оваа страница:
Споделување или откривање на лични податоци
Покрај споделувањето опишано во изјавата за заштита на приватност за производот или услугата што ја користите, Microsoft може да сподели или открие лични податоци:
Исто така, може да споделиме или да откриеме лични податоци, вклучувајќи ја содржината на вашите комуникации:
Имајте предвид дека нашите веб сајтови може да вклучуваат врски до сајтови на трети страни и нивните практики на заштита на приватноста може да се разликуваат од тие на Microsoft. Доколку доставите лични податоци до некој од тие сајтови, вашите податоци се регулираат со изјавите за заштита на приватноста на тие сајтови. Ви препорачуваме да ја прегледате изјавата за заштита на приватноста на секој веб сајт што го посетувате.
Заштита на безбедноста на личните податоци
Microsoft е посветен на заштита на безбедноста на вашите лични податоци. Користиме разни безбедносни технологии и постапки со цел да ги заштитиме вашите лични податоци од неовластен пристап, употреба или објавување. На пример, личните податоци коишто ги доставувате, ги складираме на компјутерски системи коишто имаат ограничен пристап и се наоѓаат во контролирани простории. Кога преку интернет пренесуваме многу доверливи податоци (како што се број на кредитна картичка или лозинка), ги заштитуваме со шифрирање, како на пример протоколот Secure Socket Layer (SSL).
Ако се користи лозинка за заштита на вашите сметки и лични податоци, ваша должост е да ја чувате лозинката во тајност. Не споделувајте ја со никого. Доколку го споделувате компјутерот, одјавете се секогаш пред да го напуштите веб сајтот или услугата за да спречите пристап кон вашите податоци од страна на корисниците после вас.
Каде се складираат и обработуваат информациите
Личните податоци собрани на веб сајтовите и преку услугите на Microsoft може да се складираат и обработуваат во Соединетите Американски Држави или во која било друга земја кадешто Microsoft или неговите филијали, подружници или даватели на услуги имаат простории. Microsoft се придржува кон рамката за заштита на личните податоци утврдена од страна на Одделот за трговија на САД, а којашто се однесува на собирање, користење и задржување на податоци од Европската Унија, Европската економска област и Швајцарија. За да дознаете повеќе за рамката за заштита на личните податоци и да го видите сертификатот на Microsoft, посетете ја http://www.export.gov/safeharbor/.
Како дел од учеството на Microsoft во програмата за заштита на личните податоци, ние користиме TRUSTe, независна трета страна, за решавање на спорови со нас во врска со нашите политики и практики. Ако сакате да контактирате со TRUSTe, посетете ја https://feedback-form.truste.com/watchdog/request.
Microsoft може да ги задржи вашите лични податоци од различни причини, како што се: да бидеме во согласност со нашите законски обврски, за решавање спорови, за спроведување на нашите договори и доколку истото е неопходно, за обезбедување услуги. За да дознаете како да пристапите кон вашите лични податоци, посетете го делот Пристапување кон вашите податоци.
Измени во нашите изјави за заштита на приватноста
Повремено ќе вршиме ажурирање на нашите изјави за заштита на приватноста со цел истите да ги содржат повратните информации од корисниците и измените во нашите услуги. Кога ќе ги објавиме измените во некоја изјава, ќе го измениме и датумот на ажурирање на почетокот на изјавата. Ако има материјални измени во изјавата или во начинот на користење на вашите лични податоци од страна на Microsoft, за овие измени ќе бидете известени или со објавување на известувањето на видно место пред измената да стапи во сила или со директно испраќање на известување. Ви препорачуваме да ги прегледувате повремено изјавите за заштита на приватноста за производите и услугите што ги користите за да бидете во тек со тоа како Microsoft ги штити вашите податоци.
Како да нè контактирате
Microsoft Privacy, Microsoft Corporation, One Microsoft Way, Redmond, Washington 98052 USA
За да ја пронајдете подружницата на Microsoft во вашата земја или област, посетете ја http://www.microsoft.com/worldwide/.
Иницијатива за заштита на приватност на Сојузната комисија за трговија (FTC)
Безбедност во домот
Trustworthy Computing